Утрински Весник
Македонија

Продолжува чистењето на дивата депонија кај Ново Село во Ѓорче Петров

Продолжува чистењето на дивата депонија кај Ново Село во Ѓорче Петров

Скопје, 10 јуни 2020 (МИА) – По застојот поради пандемијата од коронавирусот, Град Скопје во соработка со Oпштина Ѓорче Петров повторно почнаа со расчистување на дивата депонија во Ново Село.

Оваа стара децениска дива депонија покрај реката Лепенец во општина Ѓорче Петров, на почетокот на оваа година беше расчистена од Град Скопје, но поради ситуацијата со коронавирусот беа запрени натамошните активности за облагодарување на овој простор, а изминатиов период повторно беше наполнета со отпад.

Екипи на Град Скопје деновиве на терен со механизација повторно го расчистуваат просторот, а овие активности ќе продолжат и во наредниот период.са/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Зајкова: Собранието и владата да ги прифатат предлозите на ЛДП за укинување на банкарските трошоци и кратење на непродуктивните државни трошења 

ЗНАМ демантира дека децата биле „принудени“ да ја пејат песната за Максим Димитриевски која стана вирална за изборите

Алармантен раст на алергиите во Куманово: Како да ги препознаете симптомите и да избегнете компликации?