Утрински Весник
Економија

Продолжува трендот на раст на плаќањата со платежни картички и е-кредитни трансфери

Ss2

Граѓаните продолжуваат со зголемена употреба на дигиталните канали за вршење на плаќањата, а особено на употребата на платежните картички и мобилните апликации за електронско иницирање на кредитните трансфери и во првиот квартал од 2022 година, информираат од Народна банка.

„Бројот на трансакции извршени во земјата со платежни картички издадени кај нас пораснал за 15,8% на годишно ниво, додека вредноста на извршените трансакции пораснала за 13,2%. Забележан е годишен раст на бројот на плаќањата со платежни картички на физичките места на продажба за 19,5%, како и годишен раст од 8,7% на виртуелните (интернет) продажни места. Кај кредитните трансфери, исто така, забележан е годишен раст, како кај бројот на трансакции, така и кај вредноста. Во првиот квартал од 2022 година, граѓаните извршиле 17% повеќе плаќања преку кредитни трансфери, додека вредноста на трансакциите била повисока за 28,6%“ се вели во соопштението од НБ.

300x250 (7)

Оттаму информираат дека електронското банкарство и неговата употреба при иницирањето на кредитните трансфери, продолжува да расте и во првиот квартал од 2022 година. Електронски иницираните кредитни трансфери забележаа раст од 9,5% на годишна основа. За извршување на плаќањата, граѓаните особено ги користеле мобилните апликации со кои извршиле над една половина од вкупниот број на електронски иницирани кредитни трансфери.

Притоа, бројот на плаќањата извршени со мобилен телефон пораснал за 18,4% на годишна основа. Истовремено, значително поумерен годишен раст со 1,7% е забележан кај употребата на компјутерите за извршување плаќања.

Ss1

Можете да прочитате

Доделување грантови од третиот повик на Регионалниот фонд за предизвици

Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март

Вицегувернерката Митреска: Народната банка го поттикнува зеленото кредитирање