Утрински Весник
Свет

Продолжува карантинот во Нов Зеланд: „Искрено, ова е ужасна година“

Продолжува карантинот во Нов Зеланд: „Искрено, ова е ужасна година“

Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн ги прошири мерките за карантин во Окленд, најголемиот град во оваа островска држава.

Според Би-би-си, карантинските мерки ќе траат барем до следната недела. Ардерн се обрати пред јавноста, велејќи дека станува збор за тешка реалност која мора да се прифати.

„Сите знаеме дека не беше лесно. Знам многумина на кои им беше уште потешко да ги прифатат карантинските мерки по втор пат. Во свет каде што 2020 година, искрено, беше ужасна година, ние сме силни, ние сме љубезни и добри еден кон друг и добро ни оди. Ако некоја земја знае како да се врати, тоа сме ние“, рече Ардерн.

Нов Зеланд има успех во спречувањето на ширењето на коронавирусот. Во земјата имаше дури 102 дена без ниту едно новозаразено лице, пред инфекцијата повторно да се појави во Окленд на почетокот од август.

Во јавниот превоз во Окленд, секој ќе мора да носи маски, пренесува Би-би-си.

„Ако Ковид-19 може да се шири во автобусите, а знаеме дека маските прават разлика, тогаш ајде да носиме маски“, рече Ардерн.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Зеленски верува дека војната ќе заврши во 2025 година

Путин потпиша закон за отпис на кредитни долгови за учесниците во специјалната воена операција

33.000 домаќинства во Франција останаа без струја поради невреме