Утрински Весник
Свет

Продолжува гранатирањето врз Украинската армија – еден војник загина, шестмина се ранети

Продолжува гранатирањето врз Украинската армија – еден војник загина, шестмина се ранети

Украинската армија денеска соопшти дека еден војник загинал, а шестмина се ранети во гранатирањето што, како што тврдат, го извршиле проруските сили во источна Украина во изминатите 24 часа.

Украинската армија на Фејсбук објави дека забележала 96 случаи на гранатирање, кои ги извршиле проруските сили во изминатите 24 часа, во споредба со 84 такви инциденти претходниот ден, пренесува Ројтерс.

Армијата тврди дека проруските сили користеле тешка артилерија, минофрлачи и ракетен фрлач БМ-21 Град.

Украина ја обвини Русија за поттикнување насилство, што го користи како изговор за признавање на две самопрогласени републики во источна Украина и испраќање војници во областа.

Можете да прочитате

Убиен Саиф Гадафи, син на Моамер Гадафи

Трамп: Веќе увезовме 50 милијарди барели нафта од Венецуела

Сијарто: ЕУ ја продолжува војната во Украина, Унгарија нема да учествува во „финансирање убиства“