Утрински Весник
Македонија

Продолжи проектот „Здрав оброк за секое дете“

Продолжи проектот „Здрав оброк за секое дете“

Струмица, 6 март 2020 (МИА) – Проектот „Здрав оброк за секое дете“ продолжува и во второто полугодие од оваа учебна година. Почна да се спроведува во октомври минатата година и со него се опфатени околу пет илјади ученици од прво до деветто одделение во сите основни училишта во Струмица, кои секој работен ден за ужина добиваат овошје.

Градоначалникот Коста Јаневски, кој е иницијатор на проектот чија цел е создавање здрави навики во исхраната уште од најрана возраст, денеска ги посети учениците во основното училиште „Св. Кирил и Методиј“ во село Дабиле.

-Овој проект се покажа како успешен, односно, ја исполни очекуваната цел, а тоа е да создадеме кај најмладите генерации, учениците, навики за здрава исхрана и здрав однос кон своето тело и животот воопшто понатаму. Ново е тоа што понудивме разновидност во овошјето. Додаваме и некои други сезонски овошја или овошја кои може да се транспортираат и да бидат корисни, а кои освен симболиката на здрав живот што ја носат со давањето, имаат и нутритивна вредност, рече градоначалникот Јаневски. рт/вј/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Скопје никако да се спаси од загадувањето, повторно во топ 10 најзагадени градови во светот!

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер