Утрински Весник
Свет

Продолжен локдаунот во Нов Зеланд

Продолжен локдаунот во Нов Зеланд
Dik 300x250 mk

Заклучувањето во Нов Зеланд ќе биде продолжено барем до вторник за да се намали бројот на инфекции со коронавирус, објави денеска премиерката Џасинда Ардерн.

Нов Зеланд потврди 11 нови локални инфекции од Ковид-19, вкупно 31 од вторникот.

Претходните случаи беа потврдени во Аукленд, но сега три случаи се откриени и во главниот град Велингтон.

Земјата е затворена од вторникот откако беше откриен еден локален случај на инфекција со коронавирус, прв во речиси шест месеци.

„Ние едноставно не ги знаме размерите на делта-сојот. Сè на сè, ова ни кажува дека треба да бидеме внимателни“, рече Ардерн на прес-конференција.

Ардерн ги потсети жителите на Нов Зеланд дека стратегијата за затворање на земјата покажала резултати и претходно.

„Пробано е и тестирано, само треба да се држиме до мерките“, увери премиерката.

Владата ќе ги преиспита сегашните ограничувања во понеделник, објави таа.

Во Нов Зеланд, сите училишта се затворени. Луѓето треба да останат дома и можат да излезат само за да одат до продавница, да вежбаат или да добијат медицинска нега.

Повеќе од два милиона жители на Нов Зеланд, од вкупното население од околу пет милиони, примиле барем една доза вакцина, а 23 проценти од оние над 16 години се целосно вакцинирани.

Можете да прочитате

Украински дронови погодија руски нафтен терминал

Белата куќа објави детали од трговскиот договор меѓу САД и Кина

Нигерија ја прифати американската помош против бунтовниците