Утрински Весник
Македонија

Продолжен викенд, со продолжен полициски час

Продолжен викенд, со продолжен полициски час

Скопје, 23 мај 2020 (МИА) – Владата на седница вчера одлучи овој продолжен викенд да има зголемена рестрикција за движење на граѓаните, односно полицискиот час да трае од недела во 11 часот, до вторник до 05.00 часот.

-Владата на Република Северна Македонија на денешната 56-та седница ја дополни Одлуката за забрана и посебен режим на движење на целата територија на државата со кое се определува забрана за движење на населението и возилата од јавен превоз со која се забранува движењето на сите граѓани на целата територија на државата почнувајќи од недела, 24-ти мај, во 11:00 часот до вторник, 26-ти мај, до 05:00 часот, стои во соопштението што вчера го испратија од владината прес-служба.
Денеска забраната за движење останува иста како и за сите други денови, односно од 19:00 часот до 05:00 часот наутро.
Имено, претходно Комисијата за заразни болести до Владата поднесе предлог овој викенд полицискиот час да трае од сабота од 19:00 часот до вторник до 05:00 часот. см/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ЈНА се заканувала со срамнување на Скопје, Македонија се борела да го спаси аеродромот вели Гоцевски

Акција на ОЈО ГОКК и МВР: Кај помошник-директор на Царината пронајдени 17.500 евра

„Горе не оди како што треба“ – Гоцевски открива што му кажал Глигоров уште во 1987 година