Утрински Весник
Македонија

Продолженото породилно отсуство ќе трае до завршувањето на времените мерки

Продолженото породилно отсуство ќе трае до завршувањето на времените мерки

Министерството за труд и социјална политика информира дека на работничките кои се на продолжено породилно отсуство, платеното отсуство им трае сè додека траат времените мерки за заштита од коронавирусот.

„За да се обезбеди заштита и грижа за децата, Владата донесе Уредба со законска сила, со која отсуството од работа на работничка поради бременост, раѓање и родителство и посвојување, продолжува да тече и надоместокот на плата продолжува да се исплаќа до истекот на траењето на времените мерки за заштита од ширење и превенција од Ковид-19“, се наведува во соопштението.

Одлуката за времетраење и завршување на времените мерки ја носи Владата, по препорака на Комисијата за заразни болести.

Надоместокот за породилното отсуство се регулира преку Фондот за здравствено осигурување.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

„Држи се за мене” во режија на Мирсини Ариститиду награден за најдобар филм на 5. издание на „Преку езерото”

Сончево и топло до 38 степени

Собранието ќе ја продолжи 111. седница, на дневен ред и Законот за соодветна и правична застапеност