Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Продадени 15 отсто од акциите на Мекларен

Продадени 15 отсто од акциите на Мекларен
Img 7972

Мекларен и официјално потврдија дека американската инвестициска компанија „МПС Спортс капитал“ купила 15 отсто од акциите на Формула 1 тимот, процент кој ќе се зголеми на една третина во следните години.

„МСП спортс капитал“ веќе има инвестиции во НБА и МЛБ лигите во САД, и сега ќе инвестира околу 185 милиони фунти во Мекларен рејсинг, добивајќи дополнителни 15 отсто од акциите во 2022, за на крајот да стигнат до 33 отсто. Вредноста на Мекларен рејсинг со оваа инвестиција ќе се зголеми на 560 милиони фунти.

„Оваа инвестиција доаѓа во клучен момент во растот на Мекларен рејсинг. Инвеститорите го знаат пазарот и имаат искуство во спортскиот менаџмент. Тие се акционер и партнер на нашата компанија, со крајна цел Мекларен да се врати на победите и на борбата за титулата во Формула 1 и Индикар“, вели директорот на тимот, Зек Браун.

Вториот најуспешен тим во историјата на Формула 1 последен пат беше шампион со Луис Хамилтон во 2008 година, а последен пат славеше на една трка во 2012 година.

> Продадени 15 отсто од акциите на Мекларен <



Извор: Makfax

Можете да прочитате

Македонските одбојкари во група со Бугарија, Полска, Украина, Португалија и Израел

Дарио Ивановски е победник на Скопскиот маратон

ПМФЛ: Прв бод за Шкупи во новата сезона, нерешено и во Струмица