Утрински Весник
Спорт

Проблем за Барселона, повреден е и Пике

Проблем за Барселона, повреден е и Пике

Џерард Пике ја зголеми листата на повредени играчи во Барселона. Ветеранот, синоќа против Алавес, го напушти теренот во 68.минута. До крајот на натпреварот на неговата позиција играше Клеман Ленлге.

Барселона објави дека Пике го повредил листот на десната нога. Сигурно е дека тој ќе потпушти неколку натпревари.

Во овој момент, Барселона има деветмина на листата на повредени. Покрај Пике надвор од тимот се Педри, Ансу Фати, Френки де Јонг, Роналд Араухо, Серхи Роберто, Серхио Агуеро, Усман Дембеле и Мартин Брејтвајт.

Барселона без овие играчи ќе му се спротивстави на Динамо во Лигата на шампионите. Натпреварот во Киев на програмата е во вторник.

> Проблем за Барселона, повреден е и Пике <

Можете да прочитате

Македонските борачи обезбедија две финалиња на Медитеранските игри

Ѓоковиќ четврти носител на УС Опен, можен е меч со Алкараз во полуфиналето

Турција и Италија најуспешни нации по вториот ден на Медитеранските игри