Утрински Весник
Магазин

Проблеми со „Фејсбук“, „Инстаграм“ и „Месинџер“ во цела Европа

Проблеми со „Фејсбук“, „Инстаграм“ и „Месинџер“ во цела Европа

„Фејсбук“, „Инстаграм“ и „Месинџер“ од утрово почнаа да јавуваат проблеми и да не функционираат. Ова ги погоди корисниците низ Европа, вклучително и Македонија, па многу од нив се жалат дека не добиваат пораки или дека воопшто не можат да се вклучат.

Според „Даун Детектор“, проблемите започнале околу 9 часот наутро за корисниците ширум Европа, а се чини дека најголеми проблеми има во западна Европа.

И покрај тоа што причината за проблемите останува нејасна, од оние кои пријавиле проблеми, 80% рекле дека не добиваат пораки, додека 20% не можат да се најават.

„Мирор“ го контактирал „Фејсбук“ за коментар, но засега нема одговор.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Специфични пет прашања околу тоа како детето си поминало на училиште

Бубрег од свиња пресаден кај Американец функционирал рекордни 271 ден

Изложба на олдтајмери во Кавадарци, најстарото возило е 98 години