Утрински Весник
Спорт
Img 7972

Проблеми за Рокетси, без Вестбрук на стартот на плеј-офот!

Проблеми за Рокетси, без Вестбрук на стартот на плеј-офот!
Img 7972

Ѕвездата на НБА тимот, Хјустон Рокетс – Расел Вестбрук ќе го пропушти стартот на плеј-оф серијата и првиот дуел со својот поранешен тим, Оклахома Сити Тандер поради повреда, соопшти тренерот на „ракетите“ Мајк Д`Ентони.

Вестбрук има повреда на мускул на десната нога, поради што го пропушти последниот меч за Хјустон во регуларниот дел од сезоната. Дека се работи за сериозна повреда кажува и фактот што неизвесен е неговиот настап во целата плеј-оф серија.

Сезонава Вестбрук просечно постигнува по 27.2 поени на меч надополнети со 7.9 скокови и 7 асистенции.

Покрај Џејмс Харден, тој е главната алка во играта на Рокетси.

Хјустон и Оклахома својата серија до 4 победи ќе ја започнат ноќта меѓу вторник и среда.

> Проблеми за Рокетси, без Вестбрук на стартот на плеј-офот! <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Барселона ќе ја чека пекол во Битола – влезниците продадени за осум минути

Арената се полни, Македонија ќе го пречека Казахстан пред полн стадион

Македонската фудбалска репрезентација го пречекува Казахстан во претпоследниот квалификациски меч за СП 2026