Утрински Весник
Свет

Проблеми за Бајден – републиканец стана гувернер на Вирџинија, а најверојатно демократите ќе останат и без Њу Џерси

Проблеми за Бајден – републиканец стана гувернер на Вирџинија, а најверојатно демократите ќе останат и без Њу Џерси
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Републиканецот Глен Јангкин победи на изборите за гувернер на Вирџинија, а уште еден републиканец е блиску до победа во Њу Џерси, што е предупредување за демократите на претседателот Џо Бајден, пред изборите за Конгресот следната година.

Јангкин, кој претходно се занимаваше со приватни инвестициски фондови, се здоби со популарност во последните недели од кампањата и го победи поранешниот гувернер, демократот Тери Мекалиф, покажуваат проекциите објавени од Си-Ен-Ен и Ен-Би-Си.

Јангкин никогаш претходно не служел како избран функционер и се претстави како политички аутсајдер во кампањата, кој се занимавал со прашањата на расизмот во училиштата и задолжителното носење маски поради Ковид-19.

Во Њу Џерси, републиканецот Џек Сијатарели е во водство, пред демократот Фил Марфи, а се преброени околу 80 отсто од гласовите.

Резултатите во двете земји каде Бајден убедливо го победи Доналд Трамп минатата година се сериозно предупредување за демократите пред изборите во 2022 година, кои ќе одлучуваат за контролата врз американскиот Конгрес, а со тоа и за иднината на политичката агенда на Бајден.

Можете да прочитате

Захарова: Може да се забележи бавен, но постојан напредок во преговорите со САД

Руската пошта ја прекинува копнената достава до балтичките држави, Словенија и Хрватска

Израел ќе потроши 110 милијарди долари за оружје во следната деценија, наведуваат израелските медиуми