Утрински Весник
Македонија

При претрес во Скопје, пронајдена дрога – приведени се две лица

При претрес во Скопје, пронајдена дрога – приведени се две лица

Денеска во 00.45 и 01.00 часот на подрачјето на Ѓорче Петров во Скопје, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје ги лишиле од слобода Ф.С.(26) и К.Ч.(36), двајцата од Скопје.

При претрес во домот на Ф.С., извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени кокаин, марихуана и дигитална вага.

Додека, при преглед на патничко возило „хонда“, со скопски регистарски ознаки, кое го управувал К.Ч., била пронајдена и одземена марихуана.

Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случаите против нив ќе биде поднесена пријава по член 215 од Кривичниот законик.

Можете да прочитате

МЗ: Забрана за рекламирање и промоции на тутунски производи 

Коњановски: Потребно е да се подобри ефикасноста и рентабилноста на јавните претпријатија

Матичните изводи и здравствените потврди ќе се вадат онлајн