Утрински Весник
Македонија

Пријави против четворица измамници од Скопје со развиена шема за одземање на автомобили

Пријави против четворица измамници од Скопје со развиена шема за одземање на автомобили
Dik 300x250 mk

Одделенијата за криминалистички работи во Аеродром и Драчево до скопското Основно јавно обвинителство поднесоа кривична пријава против 27-годишниот Р.А., поради сомнение дека сторил шест кривични дела „измама“, како и против М.А.(18), К.К.(29) и Н.А.(29), поради сомнение дека сториле три кривични дела од истиот вид.

При тоа, тие се стекнале со противправна имотна корист од околу 5.472.790 денари.

Пријавените, кривичните дела ги извршиле во периодот од 1 ноември 2019 до 30 ноември годинава, на идентичен начин.

Откако ќе забележале објавен оглас за продажба на поскапи автомобили, се јавувале на телефонскиот број од огласот и во контакт со оштетените се договарале да се сретнат на претходно одреден нотар, за купопродажба на возилото.

По остварената средба кај нотарот, пријавените лица се договарале со оштетните во договорот да се наведе сума на пари која нема да ја надмине законската регулатива за плаќање во готово, додека останатиот дел од сумата да биде исплатена на рака.

По потпишување на договорот, пријавените ги носеле оштетените на различни места со изговор дека ќе дојде трето лице кое ќе ги донесе остатокот од парите, но во одреден момент, искористувајќи го невниманието на оштетените, им ги земале клучевите и заминувале со возилото без исплата.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Ѓорѓиевски откри дека 371 вработени се отпуштени од работа, се истражуваат големи малверзации во Комунална хигиена

Сторијата „По трагите на Јулија“ на 360° ја доби првата награда на ЕУ за истражувачко новинарство

ДИК ги одби сите 16 приговори за постапките за гласање и за сумирање на резултати во Брвеница, Шуто Оризари и Карпош