Утрински Весник
Македонија

Пријавени приближно 4.000 кандидати за попишувачи и реонски инструктори

Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Државниот завод за статистика го објави јавниот конкурс за ангажирање реонски попишувачи и реонски инструктори за претстојниот попис, кој ќе се спроведе од 1 до 21 април годинава.

Веќе се пријавени приближно 4.000 кандидати заинтересирани за попишувачи и реонски инструктори.

Пријавувањето е преку електронската апликација поставена на веб-страницата https://popis2021.stat.gov.mk/, каде што може да се најдат сите информации за повикот.

На конкурсот може да се пријават сите полнолетни државјани на Република Северна Македонија, кои се невработени, со завршено најмалку средно образование и имаат основни компјутерски вештини.

Пријавувањето трае до 28 февруари.

Паушалниот надомест за попишувач е 4.000 денари, за секое попишано лице по 30 денари, за секој попишан стан по 20 денари, за секое попишано домаќинство по 50 денари, за лице определено за резерва паушал од 5.000 денари и за секој ден ангажирање по повик на резервниот попишувач 700 денари дневно.

Надоместокот на реонскиот инструкторот се утврдува да изнесува: за реонски инструктор паушален износ од 5.000,00 денари; за секоe попишано лице од попишувачот по 3,00 денари; за секое попишано домаќинство од попишувачот по 5,00 денари; за секој попишан стан од попишувачот по 2,00 денара.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Викендов следува значителен пораст на температурите и силен јужен ветер

Касами со апел: Екстремен мраз на улиците, граѓаните да останат дома

Вечерва тешко проодни патишта и заглавени возила низ Македонија