Утрински Весник
Свет

Пријавени повеќе од 44.000 нови случаи на Ковид-19 во Индија

Индија го надмина Бразил по бројот на заразени со коронавирус

Индија забележа 44.059 нови случаи на инфекција со коронавирус, со што досега во земјата се заразени вкупно 9,14 милиони луѓе, според последните податоци на Министерството за здравство.

Индија е на второ место во светот по бројот на инфекции со Ковид-19, по САД, иако дневната стапка на раст на Индија опадна откако го достигна врвот во септември.

Според последните податоци на Ројтерс, дневниот број на нови случаи повеќе од две недели е скоро 50 илјади. Бројот на смртни случаи од Ковид-19 се зголеми за 511, според Министерството за здравство, со што вкупната бројка на смртни случаи од коронавирус во земјата е 133.738.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Трамп: САД ќе им помогнат на Полска и балтичките држави во случај на руски напад

Макрон: Ослободувањето на заложниците на Хамас е услов за отворање француска амбасада во Палестина

Трамп, Венс и 100 илјади луѓе ќе присуствуваат на комеморацијата за Чарли Кирк