Утрински Весник
Македонија

Пријава против Петар Богојески за ширење на говор на омраза против бошњачката заедница

Богојески: Ми се закануваат и ме уценуваат

Четворица подносители најавуваат дека утре (27 мај) ќе поднесат кривична пријава против лидерот на партијата Македонски концепт, Петар Богојески, поради, како што велат, ширење на говор на омраза, дискриминација и повикување на насилство кон одредени заедници, преку социјалните мрежи.

Покрај поднесувањето на пријавата најавени се и обраќања на граѓански активисти од бошњачките невладини организации.

„Со своите објави на фејсбук-страната и на приватниот профил, Богојески предизвикува национална, расна и верска омраза, раздор и нетрпеливост. Тој исто така јавно шири говор на омраза против ромската заедница и припадниците на исламската заедница, која е во спротивност на темелните вредности на нашата држава“, велат подносителите на најавената пријава, Мерсиха Смаиловиќ, Селма Ризвановиќ, Аделаид Каришиќ и Изета Бабачиќ.

Понатаму во соопштението се цитира објава која Богојески, за кого се нагласува дека е и државен советник во Министерството за одбрана, на 24 мај ја напишал на социјалните мрежи: „Глумицо една, јас не сум ти крив што се мразиш себе си и кожата ти српска во која си се родила! Не сум јас крив што си го мразиш племето свое од каде потекнуваш!“.

Подносителите посочуваат дека овој пост бил наменет на припадничката на бошњачката заедница, Мерсиха Смаиловиќ, која, како што велат, дестина дена е мета на контиуниран напад и говор на омраза на фејсбук-страната и профилот на Петар Богојески.

Според подносителите, во некои од коментарите, Богојески, директно се повикувал на геноцидот, агресијата, силувањата и уништувањето на бошњачкиот народ во времето на агресијата на територијата на БиХ, од 91 до 95 година.

„На лице кое е припадник на бошњачката заедница, му реплицира: „Ризвановиќ Едо, не ви дојде памет уште? Во деведесетите?!? Уште сакате?“, се наведува во соопштението.

Можете да прочитате

Коцевски му одговори на Мицкоски: Обвинител имаше вирус, но потоа одржа состаноци со полицијата

Одреден осумдневен притвор за тројца од вчерашните настани каде беше сквернавено државното знаме

(Видео) Аерозагадувањето е темата на новата епизода од подкастот ЗРАК со д-р Мариа