Утрински Весник
Македонија

Пријава за стружанец кој украл „голф“ во Скопје

Пријава за стружанец кој украл „голф“ во Скопје

Струшката полиција на 4 јануари извршила службен разговор со 20-годишниот Р.Р. од овој град за кого бил објавен централен распис, поради сомнение дека на 22 декември во Скопје одзел патничко возило „фолксваген голф“.

Возилото со скопска регистрација било во сопственост на извесен Н.Б.(33) од селото Крушопек.

Во полициската станица 20-годишникот го признал делото, а возилото му било одземено и вратено на сопственикот.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

Сајбер напади и хибридни закани – новата опасност за Македонија вели Стефановски

Иран не може да се порази со сила – исходот води кон договор вели Стефановски

Стефановски: Блискиот Исток е темпирана бомба со глобални последици