Утрински Весник
Македонија

Прифатена иницијативата на граѓани и архитекти за урбанистичко уредување на локацијата „Треска“ по пат на јавен конкурс

Отворен ден со градоначалникот Богдановиќ во Општина Центар

Скопје, 19 февруари 2020 (МИА) – Советот на Општина Центар вчера на вонредна седница го усвои Заклучокот со кој се одлучи дека по пат на јавен конкурс ќе се уреди локацијата позната како поранешна „Треска”.

– За разлика од едно не толку минато време, кога тајно се носеа ДУП-ови во доцните вечерни часови, никнуваа градби и се поставуваа разни споменици на случајно одбрани локации, ова општинско раководство и овој состав на Советот транспарентно и отчетно, со присуство на целата јавност, ја усвои одлуката за распишување на јавен конкурс за урбанистичкото уредување на локацијата, позната како поранешна фабрика „Треска“, соопшти Општината, додавајќи дека уште еднаш и општината и градоначалникот Саша Богдановиќ застанале на страната на жителите и јавноста.

Советниците на општината, со 12 гласа „за”, изгласале дека по пат на конкурс за урбанистичко решение ќе се решава за изгледот и содржината на она што ќе биде на опфатот на дел од ДУП Градска четврт З 11, локалитет Буњаковец 1 и Буњаковец 2.

Од Општината информираат дека за зголемување на степенот на транспарентност пред јавноста, во изборот и оценувањето на доставените конкурсни решенија за локацијата ќе биде вклучена целата стручна јавност – Архитектонскиот факултет, Асоцијација на Архитекти и Комора на архитекти. мс/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Жена од Скопје измамена за сума од 117.000 денари

Маж пронајден мртов во дом во Ѓорче Петров, имал траги на насилство

Владина делегација предводена од Муцунски положи цвеќе по повод 23 Октомври