Утрински Весник
Македонија

Притвор од 30 дена за Мијалков, поради опасност од бегство

Притвор од 30 дена за Мијалков, поради опасност од бегство

Кривичниот суд го прифатил предлогот на обвинителството за определување на триесет дневен притвор за Сашо Мијалков обвинет во предметот „Плацеви на Водно“.

„Постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција, за определување мерка притвор против С.М. обвинет во предметот со КОK бр. 63/21 во јавноста познат како „Плацеви на Водно“, а имајќи ја предвид итноста на постапката, Кривичниот совет, по добивање на предметот, одржа седница на советот и донесе решение со кое го прифати предлогот на Јавниот обвинител и на обвинетиот му определи мерка притвор во траење од 30 дена“, стои во соопштениетот од Кривичниот суд.

Додаваат дека Советот сметал дека се исполнети условите од чл. 165 ст.1 т. 1 односно дека постои Опасност од бегство.

Решението е во фаза на експедирање до странките во постапката кои имаат право на жалба пред Апелациониот суд Скопје се истакнува во соопштението.

Можете да прочитате

Мицкоски: АД ЕСМ ги задоволува потребите на граѓаните и конзумот

МВР поднесе кривична пријава против Ромите кои го блокираа патот во Битола

Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус