Утрински Весник
Македонија

Притвор за тренер по џудо од Прилеп кој сексуално злоставувал малолетни ученички

Притвор за тренер по џудо од Прилеп кој сексуално злоставувал малолетни ученички
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Прилепското основно јавно обвинителство поведе постапка против маж на возраст од 46 години, за кој постои сомнение дека сторил продолжено кривично дело обљуба со злоупотреба на положбата.

Како што се наведува во соопштението, осомничениот како тренер по џудо, од април до ноември минатата година, во Прилеп и на други места, заради задоволување на полови страсти, со злоупотреба на својата положба извршил полови дејствија врз малолетнички кои му биле доверени како ученички заради тренирање и воспитување.

За 46-годишникот определен е притвор во траење до 30 дена.​

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Прерано згасна млад живот – УМС на ВМРО-ДПМНЕ се простува од Ратко

Муцунски: Мора да се најде решение со Бугарија за деблокада на евроинтеграциите

Собранието ги усвои законските измени за „Безбеден град“