Утрински Весник
Македонија

Притвор за разбојник, кој со влечење до земја и` одзел златен ланец на жена во Битола

Скопјанец обвинет за убиство во Долно Дупени

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, поради постоење основано сомнение дека го сторило кривичното дело – Разбојништво од член 237 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот на 9.9.2020 година околу 18,45 часот, во Битола, додека се разминувал со оштетената, го фатил златниот ланец што го носела околу вратот и почнал со сила да се обидува да го скине. Бидејќи ланецот бил масивен и не се кинел, осомниченот започнал да ја влече и трга оштетената, ја соборил на тротоарот при што успеал да го скине ланецот во вредност од 120.000 денари и да го одземе со намера противправно да го присвои.

Во насока на обезбедување натамошно непречено одвивање на кривичната постапка​, јавниот обвинител кој постапува во предметот, до надлежниот суд поднесе предлог за определување на мерката притвор за осомниченото лице. Предлогот беше прифатен од Судот кој на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Претреси на повеќе локации на подрачјето на СВР Битола, пронајдени дрога, оружје и муниција, уапсени пет лица

Од почетокот на системот Безбеден град евидентирани се 310.865 прекршоци, 180.378 се за возила со странски регистарски ознаки 

Нема штета, нема утврдено загадување, има милионски профит – што остана од „Мазут“?