Утрински Весник
Македонија

Притвор за наставникот од Струмица, осомничен за полов напад на ученичка

Судот му одреди притвор од 30 дена на наставникот од Струмица, кој е осомничен за полов напад на дете, кое не наполнило 14 години.

Основното јавно обвинителство Струмица донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 40-годишник осомничен за кривично дело – Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години од член 188 став 1 од Кривичниот законик, за кое е предвидена казна затвор од најмалку 12 години.

Осомничениот, наставник во основно училиште во струмичко, во периодот од октомври 2020 година до мај 2022 година, преку социјална мрежа испраќал пораки со експлицитна сексуална содржина на ученичка која немала наполнето 14 години. Искористувајќи прилика кога останале сами во спортската сала на училиштето, тој во два наврати извршил и други полови дејствија, допирајќи ја и бакнувајќи ја оштетената.

Можете да прочитате

ВЛЕН: Орхан Муртезани ја презема амбасадорската должност во НАТО

Шасивари – Милер: Наш приоритет е најдобриот интерес на детето

Ангелов: Сѐ уште активен пожарот кај прилепското село Чаниште, не загрозува некое село