Утрински Весник
Македонија

Притвор за кумановската докторка која барала поткуп од 200 евра од пациенти за да ги оперира

Притвор за кумановската докторка која барала поткуп од 200 евра од пациенти за да ги оперира

Кумановското обвинителство поведе постапка против кумановска докторка на возраст од 51-година, вработена во „Општа болница Куманово“- очно одделение, поради злоупотреба на службената положба и овластување и примање.

„Осомничената директно побарала и примила корист за себе, парични средства, за да изврши службено дејствие што морало да се изврши. Таа во два наврати, на свои пациенти, им побарала износ од по 12.000,00 денари за да им изврши операција на катаракта, под изговор дека ваквите средства и се неопходни за набавка на леќи, иако леќите ги набавува самата болница, а оштетените не биле должни да го платат наведениот износ, односно требале да платат само партиципација. Побараниот паричен износ пред да бидат извршени операциите, оштетените и го платиле директно на рака на обвинетата, при што не добиле никаква потврда за уплатата“, информираат од Обвинителството.

Судот со решение определи мерка притвор во траење од осум дена.

Можете да прочитате

Филипче: Мицкоски е виновен што на Македонија повторно ѝ се оспорува идентитетот и јазикот

Давкова: Шокирана сум, 40% од администрацијата не работат, a тоа е неодржливо за економијата

Од 8 јули многу ладен Атмосферски фронт од северозапад се спушта во Европа!