Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Притвор за две лица кои криумчареле 40 мигранти

Img 7972

Постапувајќи по кривичната пријава поднесена од Министерството за внатрешни работи, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција донесе наредба за спроведување на истражна постапка против едно дваесет и четиригодишно лице и барање за поведување на подготвителна постапка против шеснаесетгодишно дете во судир со законот. Постои основано сомневање дека двете лица, жители на села во општина Желино, сториле кривично дело криумчарење мигранти од чл.418-б ст.4 в.в со ст.2 вв чл. 22 од КЗ.

Во раните утрински часови во текот на вчерашниот ден, на регионалниот пат с.Богородица – с.Стојаково, кај место викано ˶Табла Богородица˝, двајцата осомничени биле затекнати како прифаќаат 40 лица – илегални мигранти во ТМВ марка ˶форд транзит˝. Со намера да ги превезат до македонско-српската граница, осомничените ги товарале илегалните мигранти во задниот товарен дел на возилото. По извршен преглед на возилото, полициските службеници утврдиле дека покрај возилото и во неговиот внатрешен товарен дел се наоѓаат четириесет лица илегални мигранти од кои две малолетни лица. Осомничените се лишени од слобода и изведени пред судија на претходна постапка, односно судија за деца при Основниот кривичен суд – Скопје.

Предметниот обвинител ценејќи дека постојат околности што го оправдуваат стравот oд опасност од бегство, дека ќе ги сокријат, фалсификуваат или уништат трагите на кривичното дело и дека со влијание врз сведоци и соучесниците ќе ја попречат истрагата, како и стравот ако се бранат од слобода дека ќе го повторат делото, до судијата на претходна постапка и судијата за деца достави предлог за определување на мерката притвор за двајцата осомничени. Судијата на претходна постапка го прифати предлогот на обвинителството и на осомничениот со решение му определи мерка притвор во траење од 30 дена, додека судијата за деца на детето во судир со закон му определи мерка – куќен притвор.​

Можете да прочитате

Универзална сала и Вардариште вечни ветувања за Скопје што никогаш не се реализираа

Падна дел од фасадата во центарот на Скопје, ограден е делот на тротоарот поради опасност за минувачите

Стоп за вардариште од утре ќе протестираат од 15 до 18 часот на мостот „Близнак“