Утрински Весник
Македонија

Притвор заради полов напад врз деца​

„Југо“ удри во бетонска ограда и се преврте во Ѓорче Петров, тројца повредени

Во Кавадарци извршен полов напад врз деца на возраст од 7 и 5,5 години, известува МВР.

Од таму додаваат дека обвинителството во Кавадарци има поведено постапка против 41-годишно лице, за кое постои сомнение дека сторило кривичното дело–полов напад врз дете кое не наполнило 14 години.

Осомничениот на точно неутврдени датуми во текот на првата половина на 2020 година, до 21.7.2020 година, во повеќе наврати извршил полово дејствие врз деца на возраст од 7 и 5,5 години. Притоа, тој ги сликал жртвите со својот мобилен телефон.

Поради опасност од бегство на осомничениот и страв дека доколку биде на слобода ќе продолжи со вршење на вакви и слични кривични дела, како и поради тежината на стореното кривично дело за кое постои можност од казна затвор во траење од најмалку 12 години, на осомничениот му е определен притвор во траење од 30 дена.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Алармантни бројки: Секое десетто дете во Македонија умира поради загадениот воздух

Трагедија во Тетово: Мајка и четиригодишна ќерка пронајдени мртви во семејната куќа

Спасовски: Кредитот од Унгарија има недефинирани трошоци