Утрински Весник
Македонија

Притворен тетовец осомничен за грабнување

Притворен тетовец осомничен за грабнување

Тетово, 10 март 2020 (МИА) – Триесет и осумгодишник од Тетово доби притвор од 30 дена за грабнување на 26 годишник од градот за кое тетовската полиција извести дека е пријавено на 3 март.  На тој ден М.Х  (38) се сомничи дека вечерта околу 22 часот и 30 минути, најпрво телефонски го повикал И.Б  (26),  а потоа со употреба на сила го внел во неговото возило „фолксфаген голф“.

 -Со возилото во кое имало уште две лица од Тетово, се упатил кон селото Фалише. Набрзо, застанале  на земјен пат покрај нива, а М.Х. физички го малтретирал И.Б., го извадил надвор од возилото и му ја соблекол и одзел облеката и два телефони, додека нешто подоцна му го вратил одземеното и  со возилото се оддалечил од местото, а И.Б. пешки и потоа со такси се упатил кон Тетово, информира денеска СВР Тетово. 

 М.Х. вчера бил лишен од слобода, а денеска е изведен пред судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово, кој му ја определил мерката притвор. Се сомничи за кривично дело „грабнување“ според член 141 од Кривичниот законик. ас/лв/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Тошковски: Некој намерно отвора хајка против МВР преку случајот со „шпионажа“ од кабинетот на претседателката

Премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ утре во посета на Македонија

Давкова ќе ги додели наградите за иновација, лидерство и влијание во ИТ екосистемот „Women in Tech® Macedonia Awards”