Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Пристигнаа 200.000 вакцини од „Синофарм“

Пристигнаа 200.000 вакцини од „Синофарм“
Img 7972

Во Македонија пристигнаа 200.000 вакцини од кинеската компанија „Синофарм“.

Пред поликлиниката Јане Сандански во Скопје пратката со вакцини беше пречекана од министерот за здравство Венко Филипче и амбасадорот на Народна Република Кина во Република Северна Македонија, Џанг Ѕуо.

Вакцините се купени во директни преговори со производителот. Со нивно распоредување во регионалните вакцинални пунктови во шест града низ државата по празниците треба да стартува масовната имунизација на населението. Досега во државава според надлежните се вакцинирани 60. 000 граѓани.

Можете да прочитате

Починал сведок на судење во Основен граѓански суд Скопје

Апасиев: Ако не гласаш немој ни да плачеш – толку е просто

Срушен ѕид од стара струшка куќа, заштитена како културно наследство при изведба на градежни работи на индивидуален објект