Утрински Весник
Свет

Пристанишниот град Николаев повторно под силен напад

Пристанишниот град Николаев повторно под силен напад

Градот Николаев повторно под силен напад на руските сили, јавуваат агенциите.

Бомбардирањето на овој пристанишен град започна околу 5 часот наутро по локално време.

Видеото од бомбашкиот напад беше објавено на Твитер од Мајкл Швирц, новинар на Њујорк Тајмс. Тој вели дека експлозии се слушаат во источните предградија.

Во претходниот напад врз градот, украинските сили ги одбија Русите и го вратија локалниот аеродром. Тоа е град со 476.100 жители, пишуваат медиумите во светот.

Можете да прочитате

Премиерот на Словенија одби да се приклучи на „Одборот за мир“

Трамп најави укинување на царините за Европа

Анкета: 79 % од Французите не ги одобруваат постапките на Макрон