Утрински Весник
Свет

Припадничка на канадската војска на колегите им давала колачиња со канабис за време на воена вежба

Припадничка на канадската војска на колегите им давала колачиња со канабис за време на воена вежба

Припадничката на канадската војска, Челси Когсвел, ќе биде изведена пред воен суд под обвинение дека за време на воена вежба на војниците од нејзината единица им давала колачиња со канабис без нивна согласност.

Когсвел е во армијата од 2011 година, а за време на неколкунеделната „Заеднички вежби на артилеријата” во воената база и Гаџетаун во јули 2018 година работела во кантината.

Војниците не знаеле што јадат и почувствувале различни симптоми – дехидрираност, топлина, слабост, конфузија, сува уста и параноја.

Неколку војници не можеле безбедно да ја извршат вежбата каде се користеле оружје и експлозив, била побарана медицинска помош, а исто така била повикана и воена полиција.

Во Канада е легализирана употребата на марихуана за рекреативни цели. Војниците можат да користат канабис, но потоа 24 часа не смеат да користат оружје и осум часа не смеат да возат.

Судењето против неа ќе почне на 3 август.

Можете да прочитате

Името на Доналд Трамп утрово е отстрането од „Центарот Кенеди“

Израел нареди евакуација на 20 градови и села во јужен Либан

Иран со мини ги заштитил локациите со резерви на ураниум поради загриженост од операции на САД