Утрински Весник
Магазин

Принцот Хари ќе донира 1,2 милиони фунти од продажбата на мемоарите во својата добротворна организација

Принцот Хари ќе донира 1,2 милиони фунти од продажбата на мемоарите во својата добротворна организација
Dik 300x250 mk

Војводата од Сасекс ги изненади сите кога се појави на поло турнир во Аспен во четвртокот за да собере средства за неговата добротворна организација, „Сентебejл“.

Аспен, Колорадо вчера беше игралиште на принцот Хари. Војводата од Сасекс учествуваше заедно со неговиот близок пријател Начо Фигуерас на поло турнирот за неговата добротворна организација, на која ѝ вети повеќе од 1 милион фунти од продажбата на претстојните мемоари.

Фотографиите не сугерираат дека принцот паузирал од спортот за време на пандемијата, туку дека вешто се вратил во седлото. Тој дури постигна два гола што доведе до победа од 3-0 над тимовите на Royal Salute и Поло-асоцијацијата на САД.

Настанот се случи откако тој претходно изјави дека планира лично да се ангажира во добротворна работа преку „Фондацијата Арчивел“ оваа есен.

Војводата од Сасекс се натпреварува на поло куп во 2019 година.

Можете да прочитате

Дали треба да ја покриете супата додека готвите? Готвач ги откри сите тајни за совршен вкус!

Листа од 40-те најголеми умови во историјата – листа што го воодушеви светот, но и предизвика полемики

Избегнувајте прекумерно трошење: Дневен хороскоп (03.11.2025)