Утрински Весник
Свет

Принцот Хари призна дека консумирал алкохол и дрога, а имал и панични напади поради смртта на неговата мајка

Принцот Хари призна дека консумирал алкохол и дрога, а имал и панични напади поради смртта на неговата мајка

Принцот Хари не престанува да раскажува детали од неговиот живот. Сега тој се осврна и на познатото интервју на Би-Би-Си со принцезата Дијана кое деновиве повторно е актуелно откако стана извесно дека новинарот, Мартин Башир, пред повеќе од 20 години фалсификувал документи за да ја убеди принцезата да ја интервјуира.

Во разговор со водителката, Опра Винфри, во новата серија за ментално здравје, тој зборуваше за вознемиреноста и паничните напади со кои се соочувал како член на кралското семејство, како и за погребот на принцезата Дајана.

Хари призна дека една деценија по смртта на неговата мајка дека пиел лекови, алкохол и консумирал дрога за да ја ублажи болката.

„Јас пиев толку многу за една ноќ, колку што би пиел секој за една недела“, рече Хари.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Combster (@combsterapp)

Дајана, принцезата од Велс, почина во сообраќајна несреќа во Париз во 1997 година, обидувајќи се да избега од папараците.

Во новиот сериал „The Me You Can’t See“, принцот Хари рече дека периодот од 28-та година до 32-та година е неговиот најголем кошмар и дека тогаш се борел со напади на вознемиреност и паника.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Princess Diana Spencer (@princesdianaa)

„Едноставно, психички бев во многу лоша ментална состојба. Секојпат кога ќе облечев костум и вратоврска…требаше да играм улога. Ќе го прилагодав изразот на лицето кон јавноста и гледајќи се во огледало си велев: ‘Одиме’“, рече тој.

На погребот на неговата мајка, принцот Хари чекореше зад ковчегот заедно со неговиот брат, татко, чичко и дедо.

„Она што најдобро го паметам се звуците на копитата на коњите. Се чинеше како да сум надвор од моето тело и да го правам она што другите го очекуваа. Покажав само една десетина од она што го чувствував. Тоа беше мајка ми, а вие никогаш не сте ја ни запознале“, вели принцот.

Хари минатата недела изјави дека е решен да го „прекине циклусот на болка“ што го чувствувал на својата кожа како дете. Тој рече дека сака неговите деца да растат на поинаков начин и откри дека посетувал терапија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Princess Diana Spencer (@princesdianaa)

Војводата од Сасекс рече дека тој бил најсреќен во годините поминати во војска, бидејќи во тоа време немал „посебен третман“.

Хари ја коментираше целокупната ситуација со Би-Би-Си и нивното извинување по 26 години. Како што вели, му е жал што неговата мајка не открила дека е измамена.

„Нашата мајка беше неверојатна жена која својот живот го посвети на службата. Таа беше издржлива, храбра и несомнено искрена. Ефектите од бранот на културна експлоатација и неетички практики на крајот и’ го одзедоа животот. На оние кои презедоа некаква форма на одговорност, Благодарам. Тоа е првиот чекор кон правдата и вистината. Сепак, она што длабоко ме загрижува е дека ваквите практики и денес се распространети“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Princess Diana Spencer (@princesdianaa)

На интервјуто вчера се осврна и принцот Вилијам кој рече дека измамничкиот начин на кој е добиено интервјуто значително влијаело на она што го кажала мајка му.

„Интервјуто беше најголем придонесувач за влошување на односите на моите родители. Неопислива тага доаѓа од сознанието дека неуспесите на Би-Би-Си значително придонеле за нејзиниот страв, параноја и изолација, на што се сеќавам од последните години со неа. Но, она што најмногу ме растажува е тоа што, ако Би-Би-Си правилно ги испиташе поплаките и загрижените прашања, кои првпат беа изразени во 1995 година, мајка ми ќе знаеше дека е измамена. Не само што Башир ме изневери, туку и првите луѓе на Би-Би-Си. Овие пропусти, утврдени од истражувачки новинари, не само што го изневерија моето семејство, туку ја изневерија и јавноста“.

Во контроверзното интервју, принцезата рече: „Бевме тројца во тој брак“. Тоа беше првпат некој од кралското семејство толку отворено да зборува за животот во палатата, а гледачите внимателно следеа како таа раскажува за нејзиниот несреќен брак со принцот Чарлс, нивните работи, за најинтимните детали од семејството.

Лејди Ди тогаш призна дека имала афера. Таа рече дека поради аферата на принцот Чарлс со Камила Паркер (денес негова сопруга) се чувствувала безвредна. Откри дека имала булимија и се повредувала.

Во извештајот од 126 страници, напишан од пензионираниот судија Џон Дајсон, се наведува дека Би-Би-Си, по интерна истрага, го прикрила „некоректното однесување” на Башир, кој не бил познат новинар кога ја интервјуирал Дајана.

Истрагата која била спроведена, ги утврдила начините и методите со кои Башир ги користел за да дојде до принцезата Дајана. Тие покажале дека новинарот не само што ги мамел челните луѓе во телевизијата, туку и родениот брат на принцезата Дајана, Ерл Спенсер.

Башар на Спенсер му покажал фалсификувани изводи кои покажуваат како една новинарска групација, го плаќала негов близок соработник. На тој начин тој сакал да стекне доверба кај Спенсер за да може полесно да дојде дој Дајана. Кога раководителите во „Би-би-си“, го прашале Башар за наводните изводи, тој негирал дека на Спенсер му покажал било какви документи.

Во извештајот се критикува и однесувањето на Тони Хол, поранешниот извршен директор на корпорацијата, кој беше обвинет за пропусти и „многу неефикасна“ истрага. Како тогашен шеф на Би-Би-Си, тој бил свесен дека Башир кажал „сериозни и необјасниви лаги“ за тоа што сторил за да ја убеди принцезата да разговара со него.

„Без оправдување, Би-Би-Си не ги исполни високите стандарди на интегритет и транспарентност што го карактеризираат“, се вели во извештајот.

Хол, денеска поднесе оставка од функцијата претседател на управниот одбор на Британската национална галерија, откако беше критикуван за интервјуто.

„Како што веќе реков, многу ми е жал за настаните од пред 25 години и верувам дека лидерството значи преземање одговорност“, рече Хол.

Британската телевизија „Би-би-си“, пред два дена се извини поради начинот на кој Башир го извел интервјуто со принцезата Дајана.

Можете да прочитате

Обилни снежни врнежи во Турција – затворени училишта и спасени стотици граѓани

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење

Петнаесет лица повредени во руски напад врз Харков