Утрински Весник
Магазин

Принцот Хари користел необичен емотикон за да ja освои Меган

Принцот Хари користел необичен емотикон за да ja освои Меган

Поранешната актерка, Меган, наводно била воодушевена од „смешниот и симпатичен“ стил на пишување на принцот, и особено ѝ се допаѓало кога Хари избирал емотикон дух, а не смешко (смајли), кога ѝ испраќал пораки во раните денови на нивната романса.

Во новата книга биографија Finding Freedom („Потрага по слобода“) – чии што извадоци се објавени во магазинот „Пипл“- кралските известувачи Омид Скоби и Каролин Дуранд пишуваат: „Неговите пораки честопати беа кратки и полни со емотикони, поточно емоции со духови, кои тој често ги користеше наместо смешковци.“

Од која причина? Никој не знае. Но, Меган сметаше дека неговиот стил на пишување е смешен и симпатичен, исто како принцот”.

Биографијата исто така сугерира дека Хари (35) не губел време да ѝ даде на знаење на Меган (38) дека тој е многу заинтересиран за врска со неа“.

Еден пријател на војвотката рече: “Принцот дефинитивно не го криеше фактот дека е заинтересиран. Тој сакаше таа да знае дека е многу заинтересиран”.

Хари бил првиот што рекол „те сакам“ во врската, а пријателите откриваат дека двајцата веднаш биле опседнати еден со друг.

Двојката, наводно, почувствувала „опиплива привлечност“ по нивното прво рандеву во Лондон. „Хари бил во транс, а Меган на пријателите им кажала дека врската може да има нозе,“ се вели во биографијата.

Меган и Хари, кои во март годинава го напуштија кралското семејство и своите обврски во британска монархија, се венчаа во Виндзор, Англија во 2018 година и во моментов живеат во Лос Анџелес со нивниот 14-месечен син Арчи.

Биографијатаа за војводата и војвотката од Сасекс, со симболичен наслов „Потрага по слобода“, се очекува да биде бестселер. Предвидено е да биде објавена на Интернет на 11 август.

Во описот стои дека книгата е искрен, близок и разоружувачки портрет на самоуверен и влијателен пар кој не се плаши да раскрсти со традицијата, и цврсто решен да создаде нов пат подалеку од вниманието на светот…

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Пет тајни за подобро здравје, подолг живот и младешки изглед

Култното дуо Мекартни-Ленон се обнови: Синовите на славните Битлси објавија песна

НАСА повикана да се вклучи во потрага по чудовиштето од Лох Нес