Утрински Весник
Свет

Принцот Филип по еден месец излезе од болница

Принцот Филип по еден месец излезе од болница

Сопругот на британската кралица, војводата од Единбург, ја напушти болницата во центарот на Лондон по успешната процедура на срцето.

Принцот Филип (99) беше примен во болницата „Крал Едвард VII“ во Мерилебоун на 16 февруари, откако не се чувствувал добро.

Подоцна, тој беше подложен на успешна процедура на срцето во друга лондонска болница – Свети Вартоломеј.

За војводата 28-дневниот престој во болница беше најдолг досега.

Точната причина за неговиот првичен прием не беше објавена, но Бакингемската палата соопшти дека не е поради коронавирус.

94-годишниот принц Филип и кралицата ја поминаа последната блокада во земјата, живеејќи во замокот Виндзор со мала група вработени во домаќинството.

Војводата, кој се повлече од кралските должности во 2017 година, со текот на годините доби третман за други здравствени состојби, вклучително и инфекција на мочниот меур во 2012 година и операција на неговиот стомак во јуни 2013 година.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Инфлацијата во еврозоната се искачи на 2,3 отсто

Зеленски назначи нов командант на копнената војска

Најголемиот електричен авион ќе полета следната година