Утрински Весник
Македонија

Прилеп со дополнителни мерки за заштита од корона вирусот

Прилеп со дополнителни мерки за заштита од корона вирусот

Прилеп, 12 март 2020 (МИА) – Од денеска Општина Прилеп времено ги затвора приемното одделение и одделението за администрирање на даноци како дополнителна мерка заштита од корона вирусот. Сите потреби и информации граѓаните ќе ги оставруваат преку телефон, по електронска пошта или со писма, соопшти градоначалникот Илија Ристески.

Јованоски нагласи дека се забрануват јавните настани, саемите и собирите. Воедно порача да се избегнуваат кафулињата и рестораните.

-Своите потреби, информации и прашања граѓаните ќе може да ги реализираат преку директно телефонско јавување во приемното одделение, а телефоните за комукација се: за приемното +389/48-401720 и одделението за администратирање на даноци +389/048-540-001, +389/048-540-002 и +389/048-540-003, секој работен ден од понеделник до петок од 8 до16 часот, преку праќање е-маил на: prilep@prilep.gov.mk, како и преку официјалната веб-страница на Општината www.prilep.gov.mk.

Општината воведува и други дополнителни мерки: редуцирање на јавниот градски превоз и негово користење само во итни и неодложни случаи, дезинфекција на автобусите, градинките, основните и средните училишта, како и на дневните центри согласно препораките од Министерство за здравство и Министерство за образование и наука.

-Се забранува и организирање локални настани, јавни собири, културни манифестации, промоции, панаѓури, саеми, спортски настани на локално ниво. Согласно со препораките на Министерство за здравство, барањата за активниот јавен повик за субвенционирање на инвертор клима уреди и велосипеди, во овој временски период се доставува исклучиво по пошта, објасни Јованоски.

Мерките стапуваат на сила веднаш. ем/мч/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Заменик министерот Исени на 115 сесија на Советот на Меѓународната организација за миграции во Женева

Македонија е избрана за членка на Извршниот совет на Организацијата за забрана на хемиско оружје (OPCW) (2025–2027)

СДСМ: Скопје и Аеродром со ВМРО-ДПМНЕ го живеат најголемиот ужас од своето постоење