Скопје, 13 март 2020 (МИА) – Игор Стојчевски од Прилеп е најновиот добитник на автомобил BMW X1 од инстант лотаријата Мини и Макси. Клучевите од својот нов автомобил ги доби во салонот на М-Кар од Маријана Станојковска и тимот на Државна лотарија.
Од Државна лотарија наведуваат дека Игор е верен играч на инстант лотаријата и за тоа за секоја пригода не пропушта да додели и Среќа Плус на своите најблиски. Патувајќи во Виница на свадбена свеченост, решил да ги израдува младоженците со пакет инстант лозови Мини и Макси. При тоа од продажното место во Виница ВИ ВАРДАР купил осум лоза за младоженците и два лоза за себе. Своите лозови ги оставил во џебот на палтото и заминал на свадбата. Дури после две седмици му текнало дека во џебот му останале лозовите неизгребани, а веднаш потоа следело и изненадувањето со трите симболи на BMW X1 кои му го донесоа новиот автомобил.
Инстант лотаријата Мини и Макси нуди многу парични добивки, пет автомобили Mini One и 10 автомобили BMW X1. скс/дма/