Утрински Весник
Македонија

Прилепскиот кризен штаб со нови мерки

Прилепскиот кризен штаб со нови мерки

Прилеп, 22 март 2020 (МИА) – Јавниот градски превоз во Прилеп се укинува, информираат од Општинскиот штаб за управување со кризи. Оваа мерка според нив е резултат на синоќешниот одлука на Владата, која донесе уредба за забрана за движење од 21  часот до 6 часот изутрина.

Освен тоа, продолжува континуираната дезинфекција на улиците и на јавните површини во градот и во населените места. Воедно, се заострува контролата при влезот на возила од сите четири правци, а секое возило кое влегува во Прилеп ќе биде дезинфицирано.

Прилепскиот кризен штаб ја нагласи мерката дека се забранува собирање на повеќе од 5 лица, особено на младите, во парковите во градот, во излетничките места, во викендичките во околината.

Инаку, според последните информации, во Прилеп 135 лица се во самоизолација. Против 7 се поднесени кривични пријави за непочитување на мерките. ем/оџ/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Тошковски: Некој намерно отвора хајка против МВР преку случајот со „шпионажа“ од кабинетот на претседателката

Премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ утре во посета на Македонија

Давкова ќе ги додели наградите за иновација, лидерство и влијание во ИТ екосистемот „Women in Tech® Macedonia Awards”