Утрински Весник
Македонија

Прилепскиот дом за стари подготвен за заштита на штитениците од корона вирус

Прилепскиот дом за стари подготвен за заштита на штитениците од корона вирус

Прилеп, 12 март 2020 (МИА) – Прилепскиот дом за стари лица „Киро Крстески – Платник“ со 137 штитеници, ги презема сите мерки за заштита на најранливата категорија граѓани.

Според директорот на Домот, Мики Крстев, сите хигиенски емрки се преземени, а посетите се редуцирани на минимум.

– Се придржуваме стриктно до сите мерки од Министерството за здравство, особено што во оваа институција станува збор за најчувствителната категорија луѓе. Преземени се хигиенските мерки, имаме посебна здравствена заштита за нашите штитеници. Вработените несебично се вклучија во интензивното работење, иако некои има што може да останат дома со своите мали деца. Посетите се крајно редуцирани. Се примаат само оние кои се неопходни. Здравствената состојба на штитениците е добра. Ние не може да го добиеме вирусот, туку само може да го „увеземе“ однадвор, изјави Крстев.

Домот, дополни, е подготвен со оперативни здравствени мерки.

-Бидејќи се работи за сензитивна категоријата луѓе, над 65 години, се преземаат оперативни мерки. Се ажурира оперативниот план за здравствената заштита кој ќе предвиди, ако дојде до појава на вирус, како тој да се изолира и како да се справиме до опоравување на штитениците, рече Крстев.

Народната кујна во состав на Домот нема да престане со работа. Се подготвуваат пакети со храна за неколку дена кои ќе им се дадат на корисниците. ем/мч/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Чибишев: Воздух во Скопје станува алармантен, Здравјето нема цена !

Средба на лидерот на СДСМ, Филипче со Претседателката Сиљановска-Давкова

Тошковски: Договорено взаемно признавање на возачките дозволи со Обединетите Арапски Емирати