Утрински Весник
Македонија

Приказна за витаминот Д (и како да се препознае негов дефицит)

Приказна за витаминот Д (и како да се препознае негов дефицит)

18 мај 2020

Национална географија – Вашингтон

На крајот на 20 век, во медицината биле препознаени три основни хранливи материи: протеини, јаглени хидрати и масти. Сепак, имало и некои „помошни материи“, за кои полскиот биохемичар Казимјеж Функ, во 1922 година, го измисли терминот – витамини.

Истражувањата за овие „помошни материи“ напредувале во раните 20-ти век, кога било откриена низа есенцијални органски соединенија обележани по азбучен ред: витамини А, Б, Ц и Д.

Витамините се неопходни за нормален раст, развој и функционирање на организмот. Иако тие сами по себе не се извор на енергија или материјал за градење клетки, тие се клучни за создавање енергија и покренување на метаболички и физиолошки процеси во организмот.

За да функционира нормално, на организмот му се потребни мали количини на витамини кои доаѓаат речиси исклучиво од храната што ја јадеме. Единствениот исклучок е витамин Д. Тој се содржи само во неколку намирници и тоа во мали количини. Наместо храна, витаминот Д се синтетизира од сончева светлина. Процесот на претворање на сончевите зраци во нешто што можат да го користат нашите тела подразбира комплексни хемиски процеси.

Кога нашата кожа е изложена на сончева светлина, произведува витамин Д и го насочува кон црниот дроб. Витаминот Д тука се менува во 25 (OH) D (калцифедиол) и оди понатаму кон бубрезите, кои го претвораат во активен витамин Д или калцитрол.

Научниците сè уште го испитуваат целосниот ефект што го има витамин Д врз нашите тела, но она што е познато е дека ги регулира калциумот и фосфатот, кои ги користат коските и забите.

Уште во 1800-тите, сончевата светлина се поврзувала со здравите коски. Овие претпоставки беа проследени со студии за раширеноста на болеста на деформитет на коските, рахитис.

Дури и тогаш, лекарите знаеле дека поради недостиг на изложеност на сончева светлина, децата развиваат меки, тенки и кршливи коски. До крајот на 19 век, откриено е дека дури 90 отсто од децата кои живееле во загадени и урбани средини без сонце, страдале од рахитис.

Без разлика колку калциум и фосфор се внесува во организмот, без витамин Д телото нема да може да ги користи. Покрај коските и забите, неодамнешните истражувања покажуваат дека витаминот Д може да игра позитивна улога во голем број други клучни системи, односно ја подобрува кардиоваскуларната функција, мускулната функција, имунолошкиот систем, ендокриниот систем и нервниот систем. Исто така, игра важна улога во комуникацијата на клетките.

Симптомите на дефицит на витамин Д често се суптилни, а ова се некои на кои треба да обрнете внимание: болки во мускулите, слабост, болка во коските и нивната кршливост. Исто така, недостигот на витамин Д може да биде поврзан со астма, дијабетес, депресија, Алцхајмерова болест, висок крвен притисок, мултиплекс склероза, па дури и карцином.

Ова,  на витаминот Д му дава улога во спречувањето и лекувањето на некои од најсериозните долгорочни здравствени проблеми во светот. ссм/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер

(Видео) Започнува нова епизода на подкастот Зрак со д-р Марина