Утрински Весник
Македонија

Привршува изградбата на спортската сала за средното училиште „Наце Буѓони“ во Куманово

Привршува изградбата на спортската сала за средното училиште „Наце Буѓони“ во Куманово

Куманово, 14 мај 2020 (МИА) – Интензивно се гради спортската сала во кумановското средно техничко училиште „Наце Буѓони“, објави на социјалните мрежи градоначалникот Максим Димитриевски.
Завршен е поголем дел од објектот чија што изградба ја финансира Владата преку Министерството за образование и наука со поддршка на општина Куманово. Салата се наоѓа во непосредна близина на средното училиште.
-Градежните активности привршуваат, очигледно е дека во новата учебна година нашите ученици ќе имаат одличен простор за изведување на кавлитетна наства по физичко образование, изјави директорот на училиштето, Драган Јаневски.
Веднаш до спортската сала се наоѓа и атлетското игралиште, како и спортски терен за ракомет, така што со завршување на изградбата на спортската сала Куманово во овој дел накај Соколана ќе има соодветен спортски комплекс.
Приближно 2.000 ученици од паралелките кои следат настава на македонски и албански наставен јазик од  ова средно училиште, првпат по шест децении, ќе добијат спортска сала.
Изминатиов период во Куманово со средствата на Владата беа изградени и пуштени во употреба две спортски сали, во средното стручно училиште „Перо Наков“, каде наставата се изведува на албански наставен јазик како и спортската сала  во Основното „Јероним де Рада“ во кумановското село Черкезe. ам/вг/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

СЕОУГС Васил Антевски Дрен, Скопје – лауреат за Европската награда за иновативна настава (EITA) за 2024 година

НИ СЛЕДУВААТ УМЕРЕНИ ДО ЈАКИ МРАЗЕВИ: Температурите ќе се спуштат дури и под -10 степени!

(Видео) Подкаст Зрак со д-р Марина оваа недела посветен на борбата со ракот на дојка