Утрински Весник
Македонија

Приведен e скопјанец, криумчар на мигранти

На 23.08.2022 во 02.40 часот на ул.„Маршал Тито“ во Штип, полициски службеници од Полициската станица Штип го лишиле од слобода А.Г.(31) од Скопје затоа што во возило комбе „ивеко“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, превезувал 26 лица – мигранти од Сирија, Пакистан, Египет и Индија.

dobivaj vesti na viber

Откако било запрено возило од полициски службеници, возачот и мигрантите се дале во бегство, но набргу по преземени мерки биле пронајдени и приведени.

Возачот бил задржан во полициска станица, а мигрантите биле предадени во Прифатниот транзитен центар „Винојуг“ Гевгелија.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Можете да прочитате

СДСМ со потсетник: Тендери од 9 милиони евра за една фирма со само двајца вработени!

Костадинов: Вечерашната одлука на СДСМ е чекор напред и простор за вистинска промена

Возачите преку апликација најдоа начин како да ги избегнат казните