Утрински Весник
Македонија

Приведен 17-годишник од Битола, со закана од остар предмет крадел накит

Полициски службеници од oтсекот за општ криминал при СВР Битола извршиле службен разговор со 17-годишник, поради основано сомнение дека на 28.12.2021 на ул.„Мордо Нахмијас Лазо“ во Битола со закана со остар предмет од Љ.Н.(20) од Битола му одзел личен накит.

Лицето во целост го признало и појаснило кривичното дело, дел од украдениот накит е пронајден кај него и ќе биде вратен на сопственикот, а против сторителот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, информира полицијата.

Можете да прочитате

Приведени седум лица во Скопје

Пронајдено тело на почината жена во двор од семејна куќа во Скопје

Нападнат полицаец во Гази Баба