Утрински Весник
Македонија

Приведен угостител од Пробиштип кој работел и покрај забраната

Приведен угостител од Пробиштип кој работел и покрај забраната

Приведен е угостител од Пробиштип, чијшто локал работел вчера и покрај забраната за услужување по 18 часот.

„При контролата, во 18.25 часот во угостителски објект на Градскиот плоштад, сопственост на И.М.(44) од Пробиштип, биле затекнати повеќе гости кои биле послужени со пијалаци“, информираат од МВР.

За настанот бил известен Државниот пазарен инспекторат за преземање на мерки од нивна надлежност.

По консултации со Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот, против И.М. ќе биде поднесена кривична пријава поради непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Земјотрес со јачина од 5.0 степени регистриран во Грција, почувствуван и во Македонија

Денеска се празнуваат Светите Јоаким и Ана

Наутро свежо, преку ден топло