Утрински Весник
Македонија

Приведен тетовчанец кој украл такси-возило

Синоќа во 21:30 часот во Тетово, полициски службеници на СВР Tетово го лишиле од слобода 45-годишниот тетовец З.Д. поради сомнение дека околу 19:30 часот на улица Гостиварска во Тетово, противправно одзел патничко моторно возило „фолксваген поло класик“ со тетовски регистарски ознаки, сопственост на 64-годишниот тетовец И.Ш..

dobivaj vesti na viber

Taкси-возилото, кое било паркирано незаклучено со клучевите во брава, нешто подоцна било пронајдено на улица 146 во Тетово и вратено му е на сопственикот И.Ш., додека З.Д. е задржан во Полициската станица Тетово за натамошна постапка.

Можете да прочитате

Бети Стаменковска кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Кисела Вода, во Кочани ќе го поддржат Влатко Грозданов

Македонец лежи затвор за учество во војната во Украина – РСЕ го посети во „Идризово“

Шукова: Мицкоски живее во паралелен свет каде горењето отпад не загадува