Утрински Весник
Македонија

Приведен скопјанец по распишана централна потерница

Синоќа во 22.30 часот на подрачјето на Карпош полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода С.И.(30) од Скопје.

dobivaj vesti na viber

За него била издадена централна потерница со која се барал за издржување на изречена мерка притвор поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, казниво по Кривичниот законик.

Лицето ќе биде спроведено во казнено-поправна установа за издржување на мерката.

Можете да прочитате

(Фото) Судир на повеќе возила пред „Џевахир Мол“ во Аеродром

Почина новинарот и активист Рамуш Муарем – Цирко

Давкова на панел со Макрон и Мелони: Европската интеграција на Западен Балкан е предуслов за ефикасна борба против трговијата со дрога