Утрински Весник
Македонија

Приведен скопјанец баран со потерница

Приведен скопјанец  баран  со потерница

Полицијата приведе Скопјанец по кого била распишана потерница за сторено кривично дело казниво по кривичниот законик.

Според МВР, денеска во 13.15 часот на ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје, полициски службеници од ЕВР Кисела Вода – Отсек Потраги го лишиле од слобода М.М.(58) од Скопје, кој се барал по распишана потерница од Основен Суд – Скопје 1 за издржување казна затвор за сторено кривично дело по член 353 став 3 од Кривичниот законик.

Лицето ќе биде спроведено во Казнено-поправната установа – Затвор Скопје.

Можете да прочитате

31. Конгрес на СДСМ: Отчет за изборниот пораз, но и статутарни измени

Моќен циклон од Џенова следната седмица носи опасност од поплави на Балканот и во Македонија

Трендафилов: Владата и газдите си играат со животите на работниците