Утрински Весник
Македонија

Приведен малолетник од Скопје, фатен додека ограбувал продавница

Приведен малолетник од Скопје, фатен додека ограбувал продавница

Полицијата приведе крадец од Скопје кој бил фатен додека ограбувал продавница.

Според информациите на МВР, вчера на ул.„11 Октомври“ во Скопје, полициски служебници привеле малолетник од Скопје, кој бил затекнат при извршување кражба во продажен објект. Тој бил приведен во полициска станица и во присуство на родител со него бил извршен разговор и му биле одземени пари кои потекнуваат од кривично дело.

За настанот бил известен јавен обвинител и Јавната установа центар за социјални работи Скопје, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Можете да прочитате

„Летал“ со 178 км/ч: пресретнувач го запре возачот на патот Штип–Радовиш

Мицкоски дециден: Уставни измени под уцена нема да има, заврши времето на политички марионети

Алиу: Со законски измени ја враќаме одлуката за дарување органи кај граѓанинот