Утрински Весник
Македонија

Приведен кумановец за издржување затворска казна

Приведен кумановец  за издржување затворска казна

Синоќа во 22:30 часот полициски службеници од СВР Куманово, врз основа на судска наредба од Основен суд Куманово, го лишиле од слобода В.Г. (34) од Куманово.

Тој се барал за издржување на затворска казна за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик – неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги,психотропни супстанции и прекурсори.

В.Г. бил спроведен во Казнено-поправната установа Идризово Скопје за издржување на казната.

Можете да прочитате

Собранието го изгласа Законот за средно полициско училиште

Сиљановска-Давкова прими претставници на Иницијативниот одбор за именување на големата концертна сала во Македонската филхармонија со името „Маестро Ванчо Чавдарски“

Мицкоски: Велигден нè потсетува дека токму преку сплотеноста и човечноста можеме да ги надминеме сите предизвици