Утрински Весник
Македонија

Приведен кумановец, во текот на месецов извршил пет кривични дела

Приведен кумановец, во текот на месецов извршил пет кривични дела

Полициски службеници од СВР Куманово во попладневните часови на 16 декември го лишиле од слобода Г.П. (33) од Куманово.

Како што информираат од МВР, за него бил распишан централен распис, поради сомнение дека на 12 октомври годинава од банкомат во маркет лоциран на скопската улица Ѓорги Димитров  без овластување подигнал пари со картичка на женско лице од Скопје.

Во службен разговор во полициска станица тој го појаснил делото, истовремено признавајќи дека во текот на овој месец во маркети и други продажни објекти во Куманово сторил уште една тешка кражба и четири кражби.

По целосно документирање на случаите против него ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Можете да прочитате

По убиството во Охрид, Димоски: Македонија станува небезбедно место за живот

Шок во Скопје: 14-годишно девојче во поодмината бременост, случајот пријавен во полиција

„Наместо разбирање – медиумски линч“: Синот на Жарко Грозданоски со порака до јавноста